Утрински Весник
Македонија

Почнува со работа универзалниот снабдувач на струја ЕВН хоум

Делови од Сопиште и Бутел утре без струја

Скопје, 1 јули 2019 (/) – Домаќинствата од денеска ќе добиваат електрична енергија од ЕВН Хоум, правен субјект кој произлегува од ЕВН Македонија, енергетската компанија што и досега ги снабдува домаќинствата.

Како што објави во петекот Регулаторната комисија за енергетија (РКЕ), цената на струјата нема да се менува до 1 јули следната година.

ЕВН хоум е избрана за универзален снабдувач на домаќинствата согласно со обврските од целосната либерализација на пазарот на електрична енергија на почетокот на годинава. Компанијата е снабдувач со струја за домаќинствата и малите потрошувачи кои не избрале снабдувач на отворениот пазар.

Единствена новина е што домаќинствата ќе добиваат сметки на кои ќе пишува ЕВН хоум. Потрошувачите нема да потпишуваат никакви нови или дополнителни договори за снабдување и понатаму ќе добиваат една фактура во која ќе биде вкалкулирано се.лв/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

150 казни за брзо возење

Вработен во Пошта уништил архивски материјал, против него е поднесена кривична пријава

Приведени разбојници во Скопје, следува кривична пријава