Утрински Весник
Бизнис

Почнува реализацијата на втората фаза од системот за наводнување на јужна долина на Вардар

Почнува реализацијата на втората фаза од системот за наводнување на јужна долина на Вардар

Скопје, 23 јуни 2019 (/) – Почнуваат градежните работи за изградба на системот за наводнување на јужната долина на реката Вардар, втора фаза.

Почетокот на работите ќе бидат означени на влезот на селото Јосифово, Валандовско.

На отпочнувањето на градежните работи ќе се обрати премиерот Зоран Заев, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и претставникот на компанијата изведувач „Штрабаг“, Горан Ракиќ.

Ова е капитална инвестиција за воведување модерни системи за водоснабдувањето во земјоделството во вредност од 24,3 милиони евра, од кои дел се буџетски пари, а дел кредит и грант од КфВ банката.

Целта на системот е да придонесе за намалување на трошоците и загубите во производството, како и создавање модерно земјоделство и навреме да добијат вода.

Со новиот систем се очекува да се обезбеди навремено и квалитетно наводнување на над 2.000 хектари земјоделска површина.  Ќе се зафаќа вода од Удово од реката Вардар, понатаму со главен цевковод од 8,9 километри ќе се носи до препумпни станици и ќе има дистрибутивна мрежа од 85 километри.скс/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Директорот на ЕСМ е ризичен за да му доставиме понуди

(Видео) Фирмите што ги нуди Мицкоски да ги достават понудите до среда, порача директорот на ЕСМ

Најголемиот германски производител на пиво го прекина производството во Франкфурт