Утрински Весник
Македонија

Почна Парадата на гордоста во Скопје

Почна Парадата на гордоста во Скопје

Скопје, 29 јуни 2019 (/) – Од паркот „Жена борец“ во Скопје почна Парадата на гордоста за поддршка на припадниците на ЛГБТИ заедницата и за еднакви права на сите луѓе.

На Парадата се присутни голем број поддржувачи од земјава и странство и јавни личности. Парадата се одржува под засилено полициско обезбедување, а интерес за настанот има не само од домашните, туку и од странски медиуми.

– Не смееме да потценуваме колку е значаен овој чекор што денеска се прави. Далеку сме од целосно почитување на ЛГБТИ луѓето, ама ова е многу значаен чекор во вистринска насока. Денес, Република Северна Македонија е дел од семејството држави кои имаат одржано Парада на гордоста на својата територија, изјави за /, поранешниот пратеник Павле Богоевски.

Маршот на поддржувачите на ЛГБТИ заедницата треба да заврши во Градскиот парк.

Паралелно, со Парадата на гордоста, во Скопје се одржува и граѓанско-верски собир „Сведоштво за семејството“ кој е насочен кон заштита на брачните, семејните и верските вредности. бк/бак/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Полициски службеник тешко повреден по пад од мотоцикл

Скопска парада на гордоста 2023 на 24 јуни: Гласни и горди!

ВМРО-ДПМНЕ: Народот јасно гледа дека состојбата во државата со оваа власт е неподнослива со уништена економија и со национални порази