Утрински Весник
Македонија

Почна изградбата на паркинг простор во село Жировница

Почна изградбата на паркинг простор во село Жировница

Дебар, 7 јули 2019 (Утрински Весник) – Во долнореканското село Жировница, Општина Маврово и Ростуше, со поставување камел темелник официјално започнаа гредежните работи на новиот паркинг простор.

– Откако претходо завршија припремните активности, од денеска се започна со градежни активности, односно земјени, армирачки и бетонирачки работи преку кои ќе се изгради платформа за уредување на паркинг простор за над 50 паркинг места во селото. Инвестицијата е во висина од 6.793.752 денари и е обезбедена од сопствени приходи од Буџетот на Општина Маврово и Ростуше, информираа од општината.

Жировница е второ по големина населено место во општината и најголемиот проблем со кој се соочуваше е токму недостигот на паркинг простор, кој особено е изразен во летниот период кога во родното село престојуваат по повеќе од две илјади печалбари.

Од општината додаваат дека со изградбата на паркинг просторот се надминува проблемот, кој поради големото присуство на моторни возила го попречуваше слободното и непречено движење на возилата.

– Наш приортет, како локална власт е реализација на што поголем број проекти кои се во насока на подобрување на патната инфраструктура на општината, што ќе го олеснат функционирањето на транспортниот систем, подобрување на условите за живот на жителите преку обезбедување здрава вода за пиење, како и намалување на метежот и овозможување непречено движење преку изградба на паркинг простори, рече градоначалникот Медат Куртовски, по фрлањето на првата лопата бетон.

На овој важен настан за жителите на селото присуствуваа претседателот на Советот на општината Алил Алили, советици, директори на јавни пртетпрјатија, имами и секако постојани жители на селото, како и печалбари кои летниот одмор го минуваат во родното село. вт/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Приведени разбојници во Скопје, следува кривична пријава

Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведен дилер

ВМРО-ДПМНЕ: Дали компанија од соларниот картел на Ковачевски со државна помош гради фабрика за панели кои потоа ќе ги продава на ФЕЦ Осломеј