Штип, 18 јуни 2019 (/) – Почна замената на прозoрците во клонот „Цветови“, кој е дел од градинката „Астибо“ во Штип. Директорката на детската градинка „Астибо“, Билјана Трајчевска денеска истакна дека проектот се реализира благодарение на донацијата од 55.000 евра од јапонската Влада.
–Со овој проект добивме можност да ги замениме старите прозори во градинката „Цветови“ во населбата „8 Ноември“, како и да се замени грејниот систем, но засега започнавме само со замената на прозори, вели Трајчевска.
Овој објект е еден од најстарите во Штип, а по 40 години колку што и постои за првпат се прави ваква голема реконструкција.
–Ова значи голем успех за нашата градинка, бидејќи не функционираше добро стариот систем за греење и заедно со старите прозори и врати дојде до потреба самите да се снаоѓаме со греење на струја. Затоа ова значи и штедење на дел од парите потрошени на сметките за струја кои ќе ги искористиме за обнова на инвентарот, купување повеќе играчки за децата и подобрување на престојот на децата, рече Трајчевска.
Замената на прозорците не влијае врз нормалното работење и згрижување на дечињата. Едноставно, поради намалениот број деца тие се згрижени во други делови од објектот. вдј/рп/