Утрински Весник
Автомобили

Почина таткото на Форд мустангот, Ли Јакока

Почина таткото на Форд мустангот, Ли Јакока

Лос Анџелес, 3 јули 2019 (/) – Основачот на Форд Мустанг, Ли Јакока почина вчера на 94-годшна возраст, по компликации поврзани со Паркинсоновата болест, соопшти неговата ќерка Лија Јакока Асад.

Јакока е познат по дизајнирањето на автомобилот мустанг, уделот во издигнувањето на Форд во светски гигант, како и по спасувањето на Крајслер Корпорацијата од работ на банкрот во 1980-тите.

Во декември 1970., тој влезе во управата на Форд, но осум години подоцна, е отпуштен од страна на Хенри Форд Втори. Потоа тој бил вработен во Крајслер, каде што стана и извршен директор и ја спаси фирмата од пропаст.

Тој е познат, меѓу другото, и по изјавата: Успехот во позитивната промена, како што јас го гледам тоа, е во помагањето, пред сè, на луѓето кои се околу нас. си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Mакедонските возачи на TWINGO CUP викендов со нов интернационален предизвик на тркачката патека во Серес, Грција

utrinskilogin

Норвешка урива рекорди, лани 54,3 отсто од продадените автомобили биле електрични

META

Првиот комерцијален летечки автомобил доби дозвола за користење на улиците во Европа

META