Утрински Весник
Сцена

Почина комичарот Рип Торн

Почина комичарот Рип Торн

Лос Анџелес, 10 јули 2019 (/) –  Глумецот и комичар Рип Торн, ѕвездата од филмот „Луѓе во црно“, почина вчера на 88-годишна возраст. Тој во тие мигови бил во својот дом во Лејквил, Конектикат, САД, заедно со сопругата Ејми Рајт и своите ќерки Кејти Торн и Анџелика Пејџ, изјави неговиот гласноговорник.

Торн е познат по својот рапав глас, кој и ги направи неговите улоги така препознатливи. Во неговата 65-годишна кариера, можеби најголемиот успех му беше учеството во хумористичната серија на ХБО – „Шоуто на Лери Сандерс”. За неа доби шест номинации за наградата „Еми”, која 1996 година и ја освои.

Глумецот беше номиниран и за „Оскар” за најдобра споредна машка улога во филмот „Cross Creek“ од 1983 година. си/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка