Утрински Весник
Македонија

Почина Кирил Ценевски, еден од најголемите македонски филмски режисери

Почина Кирил Ценевски, еден од најголемите македонски филмски режисери

Скопје, 17 јуни 2019 (/) – Во Скопје денеска на 76-годишна возраст почина еден од најголемите филмски режисери во државата Кирил Ценевски.

Автор е на познатиот филм „Црно семе“, кој е и негово филмско деби. „Црно семе“ е приот македонски игран филм кој е наградуван на интернационални филмски фестивали, а со него Ценевски ги освојува и најважните награди на фестивалите во поранешна Југославија.

Погребот ќе биде утре на Градските гробишта во Бутел од 11 часот.

Од Друштвото на филмски работници најавуваат дека во следниот период ќе организираат настан за одбележување на ликот и делото на Ценевски.

Ценевски е роден на 28 јануари 1943 година во Крива Паланка. Студирал на Архитектонско-градежниот факултет во Скопје, а со киноаматеризам почнува да се занимава уште од студентските денови. Првпат на игран филм професионално е ангажиран како асистент на режисерот Љубиша Георгиевски во филмот„Цената на градот“ во 1970 година. Во 1971 година, го режира филмот „Црно семе“

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

124 казни за брзо возење на територија на СВР Битола

Маја Морачанин повторно избрана за претседател на ДОМ

Утре наутро блокада на крстосницата кај „Мавровка“