Утрински Весник
Магазин

Почина еден од најстарите преживеани американски војници од нападот на Перл Харбор

Почина еден од најстарите преживеани американски војници од нападот на Перл Харбор

Лос Анџелес, 11 јули 2019 (/) – Еден од најстарите американски војници кои го преживеале нападот на Перл Харбор во Втората светска војна, Џеф Исковиц почина на 103 години во дом за стари лица во јужна Флорида, соопшти неговиот син.

Исковиц бил задолжен за снабдување со оружје во периодот кога се случил нападот на јапонските воени сили врз американското пристаниште Перл Харбор во 1941 година, близу Хонолулу на Хаваите.

Ветеранот ќе биде погребан на националните гробишта во Арлингтон.

На 106 години лани во ноември почина Реј Чавез, кој беше, како што тогаш соопшти Белата куќа – најстариот човек кој го преживеал нападот на Перл Харбор. си/гт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

По 27 години во Лас Вегас уапсен маж за убиството на раперот Тупак

Ед Ширан ќе објавува албум за секое годишно време

(Видео) Мик Џегер: Каталогот на бендот нема да им го оставам на децата, што ќе им се 500 милиони долари