Утрински Весник
Спорт

Почетино: Јас не ги носам одлуките за трансферите во Тотенхем

Почетино: Јас не ги носам одлуките за трансферите во Тотенхем

Лондон, 29 јуни 2019 (/) – Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино прокоментира дека неговата улога во клубот е доста различна во споредба со некои од другите водечки клубови во Англија.

Аргентинецот објасни дека крајниот збор при трансферите не е негов, туку на претседателот на клубот Даниел Леви.

„Петлите“ се блиску до првото ново засилување од јануари 2018 година, Крилото на Лидс, Џек Кларк се очекува да се приклучи на Тотенхем, а клубот преговара и со Лион за халфот Танги Ндомбеле.

– Во Тотенхем, Челзи и Арсенал ја нема слободата која ја имаат Пеп Гвардиола и Јирген Клоп во Манчестер Сити и Ливерпул, изјави Почетино во интервју за шпанската телевизија.

Запрашан кој го има последниот збор за продажба на играчи како Хари Кејн, тој одговори: „Претседателот Даниел Леви. Не зависи од мене. Се разбира, го сакам Хари Кејн и ќе ме прашаат за мислење, но одлуката е на Даниел. Истата е ситуацијата и со Ериксен“.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Јапонците ја „урнаа“ Шпанија за прво место, Германија испадна и покрај победата над Костарика!

Стаховски во остра „преписка“ со Троицки и Типсаревиќ за нивната посета на Русија

Дани Алвеш ќе стане најстариот капитен на Бразил на едно СП