Утрински Весник
Македонија

Потпишан договор за изградба на пешачко-велосипедска патека на река Брегалница

Потпишан договор за изградба на пешачко-велосипедска патека на река Брегалница

Берово, 8 јули 2019 (Утрински Весник) – Во Берово денеска потпишан договорот за изградба, уредување и осветлување на пешачко-велосипедска патека на река Брегалница. Како што информираше Драгица Здравева од Центарот за развој на Источно-планскиот регион, се работи за проект што се финансира од националниот буџет на програмата за развој на планските региони преку Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој.
-Тоа се проекти кои што се финансирани за реализација во 2019 година. Од вкупно добиените четири проекти, ова е прв проект за кој го потпишуваме договорот. Вкупниот буџет на проектот е скоро 7 милиони денари, од кои 6 милиони денари се обезбедени од Министерството за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој, додека еден милион денар ќе бидат кофинансирани од буџетот на општина Берово, истакна Здравева.
Почетокот на работите во врска со проектот, како што информираше беровскиот градоначалник Звонко Пекевски, ќе започне на 15 јули годинава.
-Овој проект за Општината ќе значи многу, бидејки со негова реализација ќе се уредат одредени пешачки патеки, со кои ќе се овозможи подобар пристап на луѓето и секако осветлување на тој дел од градот. Со ова сметаме дека ќе се збогати туристичката понуда, а секако ќе значи и нов инпут во развојот и стратешките определби на Берово, како препознатливо туристичко место, истакна Пекевски.
Партерното уредување на пешачките патеки и нивно осветлување, како што информираа од Општината ќе се реализира преку Источно-планскиот регион, додека вториот дел од проектот за доуредување на целото корито на река Брегалница во Берово, ќе се реализира преку заеднички проект со општина Струмјани во Бугарија. вс/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВРМО-ДПМНЕ: Не видовме план од Ковачевски, туку реакција на претходна понуда на Мицкоски

Министрите повеќе нема да можат да јадат лигњи и октопод, Ковачевски забрани морска храна

Пендаровски во посета на Прилеп во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“