Утрински Весник
Македонија

Потпишан анекс за проширување на платформа за испорака на услуги „BIFIDEX“

Потпишан анекс за проширување на платформа за испорака на услуги „BIFIDEX“

Скопје, 3 јули 2019 (Утрински Весник) – Анекс за проширување на платформата за испорака на услуги на Регионален Портал на Деловни Регистри „BIFIDEX“ потпишаа денеска директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска-Јанковски, како претседател на Управниот одбор на Регионалниот Портал и директорот на српскиот бизнис регистар АПР, Милан Лучиќ во Бања Лука.

Кон анексот пристапуваат и Агенцијата за посреднички, ИТ и финансиски услуги на Република Српска АПИФ и Управата на Централен регистар на деловни субјекти во Црна Гора.

Како дел од пошироката рамка на Берлинскиот процес за Западен Балкан, проектот „BIFIDEX“ беше инициран и формиран од страна на Агенцијата за деловни регистри-АПР и Централниот регистар на Република Северна Македонија.

Порталот e инфраструктурен проект за поврзување на регионот со деловните податоци за правните субјекти, обезбедување на слободен проток на информации, деловни потфати и креирање на заеднички пазар.

Регионалниот регистарски портал, заедно со проектите за воведување на заедничка Царинска унија, развојот на комуникациските и инфраструктурни врски во регионот имаат за цел да овозможат реално функционирање на заеднички пазар во регионот на Западен Балкан.

– Иницирањето на вакви проекти за поврзување ни овозможува да бидеме лидери на пазарот за аналитика на податоци во Југоисточна Европа, нудејќи најажурни информации, комбинирање на најширок опфат на податоци и најдетални прегледи на цели индустрии, со нивна споредба помеѓу повеќе јурисдикции. Сите услуги се креирани со методологија што овозможува меѓудржавна споредба на податоците, вршејќи конверзија во различни јазици и валути. Основните пребарувања на правни и физички лица се бесплатни, за да можат корисниците да го пронајдат субјектот за кој сакаат да видат подетални услуги, истакна Бошковска-Јанковски.

Милан Лучиќ додаде дека има големи очекувања од овој проект и ја препознава конструктивноста на нивната задача кон порталот.

Директорката на АПИФ, Република Српска, Јелена Четковиќ, рече дека Централниот Регистар на Република Северна Македонија е водечка институција во регионот и дека сите останати земји во регионот треба да го следат примерот на развој на институцијата.

Истовремено беа потпишани и меморандуми за соработка со истите институции.бт/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Ковачевски на маса со европските лидери – Мицкоски изолиран со Апасиев

228 казнети возачи во Скопје

Министерката Петровска на безбедносен форум во Црна Гора – ќе се дискутираат прашања за регионалната безбедност