Утрински Весник
Македонија

Пороен дожд, град и грмежи во југоисточниот дел на државата и во скопската котлина

Попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Скопје, 24 јуни 2019 (/) – Нестабилно време со пороен дожд, град и грмежи има во југоисточните делови на државава, Струмица и Радовиш како и во Пелагонија, Прилепско. Нестабилност во форма на невреме со пороен дожд и грмежи, а според радарската слика и со појава на град, ја зафати и скопската котлина, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Процесите, како што се наведува, засега се поинтензивни во источниот и југоисточниот дел од котлината, но во наредниот час можно е да биде зафатена и целата територија на главниот град.

Од УХМР посочуваат дека нестабилното време ќе се задржи и до крајот на денот, на повеќе места и понатаму со пороен дожд и грмежи, а локално со поинтензивни процеси, засилен ветер и појава на град. рп/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја зголеми цената на струјата за 2.5 пати

СДСМ: Ковачевски на маса со европските лидери – Мицкоски изолиран со Апасиев

228 казнети возачи во Скопје