Утрински Весник
Македонија

Попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и ветер

Жолта алертна фаза во целата земја, температурата до 38 степени

Скопје, 3 јули 2019 (Утрински Весник) – Попладнево во северозападните и источните делови, како и во Пелагонија, има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на вечерта времето ќе биде умерено облачно и топло со локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи.

Како што соопшти УХМР, поради големата енергија во атмосферата можна е и изолирана појава на поинтензивни процеси во форма на невреме со град и силен ветер. Во втората половина од ноќта атмосферата постепено ќе се стабилизира.

И во скопската котлина до крајот на денов локално ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Времето утре претпладне ќе биде сончево и топло, а попладне со локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи од 12 до 21, а дневната од 30 до 38 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе биде 20, а дневната 35 степени.

И в петок во попладневните часови на места ќе има пороен дожд и грмежи, а локално во источните делови ќе има услови за појава на поинтензивни процеси во форма на невреме. Дневните температури во петок ќе се намалат за неколку степени. Потоа од сабота до вторник следува период на сончево, стабилно и повторно многу топло време. мд/см/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Герасимовски: Денешната дојава за бомба во ,,Кочо Рацин” е лажна, граѓаните да бидат спокојни

Петровска во Грац – форматот: градењето отпорност е најдобрата одбрана против растечките безбедносни предизвици

18-годишник ја нападнал мајка му пред трговски центар во Аеродром