Утрински Весник
Македонија

Попладнево делови од земјава зафатени од интензивен пороен дожд, грмежи и град

Попладнево делови од земјава зафатени од интензивен пороен дожд, грмежи и град

Скопје, 16 јуни 2019 (/) – Подрачјето на Струмица и околината, како и Берово попладнево беа зафатени од нестабилна воздушна маса, проследена со интензивен пороен дожд, грмежи и појава на град.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нестабилната облачна маса се движеше кон југ во правец на Валандово, Дојран и Богданци. Нестабилно беше во повеќе места во источниот и во планинските подрачја во западниот дел од земјата, како и над Преспанското Езеро.

Подоцна нестабилна воздушна маса со поголеми размери ја зафати околината на Битола, а нешто помала и Кичевско. Доцна попладне во Дебар имаше невреме проследено со пороен дожд, грмежи и појава на град, се наведува во временската прогноза од УХМР. мс/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Чекајќи го следниот состанок“ – Вучиќ и Ковачевски oдмораат на скали

Ковачевски-Нехамер во Прага: Австрија е силен поддржувач на Северна Македонија и регионот да се дел од ЕУ

Владата ја ограничи маржата на млечните производи