Утрински Весник
Македонија

Полицијата фати 20 возачи под дејство на алкохол во Велес, Кавадарци и Неготино

Полицијата фати 20 возачи под дејство на алкохол во Велес, Кавадарци и Неготино

Велес, 8 јули 2019 (Утрински Весник) – Полициски службеници во текот на минатата ноќ, од полноќ до 5 часот наутро, извршиле контрола на возачи дали управуваат под дејство на алкохол.

Како што информираат од СВР Велес, биле регистрирани 20 прекршоци од кои најмногу 11 биле на подрачјето на Кавадарци, седум во Велес, а два во Неготино.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, информира дека возачите во алкохолизирана состојба биле казнети и отстранети од сообраќај, со цел да се заштитат останатите учесници во сообраќајот. ад/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

150 казни за брзо возење

Вработен во Пошта уништил архивски материјал, против него е поднесена кривична пријава

Приведени разбојници во Скопје, следува кривична пријава