Утрински Весник
Македонија

Полицијата синоќа санкционирала 81 возач на мотор

Полицијата синоќа санкционирала 81 возач на мотор

Скопје, 7 јули 2019 (Утрински Весник) -Полицијата синоќа на територијата на Скопје санкционирала 81 возач на мотор поради прекршоци во сообраќајот, информира Министерството за внатрешни работи.

-Во периодот од 20 часот на 6.07.2019 до 1 часот на 7.07.2019 година Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциска контрола за прекршоци од возачи на мотори. Притоа, сторени се вкупно 81 прекршок од возачи на мотори и издадени им се 78 прекршочни платни налози и три мандатни платни налози, се вели во соопштението од МВР.

Од Министерството додаваат и дека се откриени и 43 останати прекршоци за кои се издадени 13 мандатни платни налози и 30 прекршочни платни налози. сст/хс

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Народот јасно гледа дека состојбата во државата со оваа власт е неподнослива со уништена економија и со национални порази

Во општина Илинден се одржа Меѓународен детски фолклорен фестивал „Св.Троица“

Единствена Македонија: За која интеграција во ЕУ, кое немање алтернатива и за кои европски вредности зборува СДСМ