Утрински Весник
Македонија

Полицијата откри точење алкохол на малолетници во угостителски објекти во Струмица

Струмичанка осомничена дека се обидела да го отруе сопругот

Струмица, 8 јули 2019 (Утрински Весник) – По извршените контроли во угостителски објекти во Струмица во јуни и изминатите денови од јули полицијата открила точење алкохол на малолетници, присуство на малолетници по полноќ и пуштање гласна музика, соопштија денеска од СВР Струмица.

При контрола во осум угостителските објекти полицијата изрекла исто толку прекршоци за пуштање гласна музика.

Во шест угостителски објекти биле затекнати малолетници по полноќ, а во три објекти е затекнато точење алкохол на малолетници.

Во задничко делување со други надлежни инспекциски служби откриени се незидавање на фискални сметки и неводење книга за дневни финансиски извештаи.

Од полицијата апелираат до угостителите да не дозволуваат присуство на малолетници во угостителските објекти по полноќ, ниту да ги послужуваат со алкохолни пијалаци. рт/цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска ги посети војниците кои се дел од силите на НАТО во Бугарија

Министерот за внатрешни е против законот за амнестија

Ковачевски во посета на Дојран