Утрински Весник
Македонија

Полицискиот синдикат се заблагодари за бонус-платата и очекува таа да се исплаќа и во иднина

Полицискиот синдикат се заблагодари за бонус-платата и очекува таа да се исплаќа и во иднина

Скопје, 12 февруари 2020 (МИА) – Македонскиот полициски синдикат (МПС) ги извести своите членови, вработени во Министерството за внатрешни работи, дека денеска на сметките на околу 5000 нивни колеги кои ги исполнуваат условите за исплата на бонус-плата за 2019 година ќе им бидат префрлени по околу 25.066 денари, колку што изнесува просечна плата во земјава. Веста за бонус-платата за полициските службеници и вработени во МВР пред малку на Фејсбук ја објави и премиерот Оливер Спасовски.

Право за добивање бонус-плата имат сите вработени во МВР кои работеле 150 часа подолго од полното работно време, а во текот на годината не отсуствувале од работа повеќе од 21 ден.

-Како репрезентативен синдикат во рамките на МВР кој во изминатиот период преговараше со работодавецот да се започне со исплата на бонус-плата, право кое е загарантирано со Законот за работни односи и Колективниот договор на МВР и, донесен и потпишан од МПС и МВР, сакаме да изразиме голема благодарност до сите чинители во МВР и во МПС кои изминатиот период работеа на решавање на овој проблем и започнување на исплата, а посебна благодарност до г. Оливер Спасовски со кој како министер за внатрешни работи го постигнавме договорот, соопшти МПС.

Синдикатот додава дека искрено верува  процесот за исплата на бонус-платата во иднина да продолжи како тековна активност, со планирање на средства во буџетот, но и сите други права и основи кои како синдикат и работодавец ги предвиделе и нотирале во Колективниот договор на МВР.

-Процес кој ќе резултира на сведување до минимум покренувањето на судски постапки по овој основ што резултираат со испумпување на енормно голема сума на парични средства од буџетот на МВР од кој, за жал, најголемиот процент легнаа на сметките на адвокатите и извршители, народни пари кои се и тоа како неопходни за нормално функционирање на Министерството за внатрешни работи. Пресметките кажуваат дека со овие средствва зачително ќе се подобри статусот на вработените преку домаќинско работење и обезбедување подобри услови за работа и матријално-технички средства за вработените, додава МПС. хс/са/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тешка сообраќајка вечерва во Кисела Вода

Мицкоски: Германија останува наш сојузник и силен подддржувач

Нови детали: Затвореник вечерва пукал кон член на групата Грчец