Утрински Весник
Магазин

Полжав „виновен“ за прекинот на железничкиот сообраќај во Јапонија

Полжав „виновен“ за прекинот на железничкиот сообраќај во Јапонија

Токио, 23 јуни 2019 (/) – Јапонската железница соопшти дека сообраќајниот колапс на островот Кјушу „виновен“ е полжав, кој предизвикал од краток спој на железничките инсталации.

Десетина возови застанаа или беа откажани, а 12.000 луѓе доцнеа на 30 мај во Јапонија, земја која е позната по ефикасноста и точноста на железничкиот сообраќај.

Откако биле прегледани сите инсталации, пронајден е полжав во електрична кутија во близина на шините.

Јапонските железници соопштија дека се работи за редок инцидент. ми/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шварценегер критикуван за пораката што ја остави во книгата за гости во Аушвиц

Мекензи Скот се разведува од вториот сопруг

Ар Кели е веќе зад решетки, ќе мора да им плати оштета на жртвите