Утрински Весник
Македонија

Пожар во затворот во Идризово, нема повредени и материјална штета 

Пожар во затворот во Идризово, нема повредени и материјална штета 

Скопје, 10 јули 2019 (Утрински Весник) –  Пожар избувнал попладнето во Казнено-поправниот дом Идризово во просторија каде што се складирани ќебиња, но нема повредени лица и не е причинета материјална штета.

Како што изјави за Утрински Весник директорот на затворот, Боби Мојсоски, било запалено едно ќебе, но пожарот не се проширил и тој бил изгаснат од затворската полиција. Мојсоски нагласи дека во инцидентот нема повредени, ниту причинета материјална штета.

– Во затворот пристигнаа две возила на Противпожарната бригада. Во 17:47 часот е најавен пожарот, во 18:45 часот возилата се вратени во центарот во Автокоманда, истакна за Утрински Весник, командирот на Територијалната протипожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски. рп/лв/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика

Маричиќ: Со политичка волја и конкретни чекори од ЕУ, интеграција на регионот е реална

Герасимовски: Со здравата и правилна исхрана ги поттикнуваме здравите навики кај децата