Утрински Весник
Македонија

Поголем дел од водостојот на реките под просекот

Нивоата на реките во рамки на јунскиот просек

Скопје, 2 јули 2019 (/) – Поголем дел од водостојот на реките во државата е под јулскиот просек. Најдрастична е ситуацијата на реката Сатеска кај Ботун, каде нивото е за трипати пониско од просекот за јули.

Денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека двојно е намален водостојот на реката Бабуна, а намалување се бележи и кај Црн Дрим, Вардар кај Велес, Крива Река, Пчиња и Струмица.

Зголемено е нивото на Вардар кај Демир Капија и кај Јегуновце, а на исто ниво како јулскиот просек е водостојот на реката Треска.

Кај езерата, зголемено е нивото на Дојранското Езеро, додека нивоата на Охридското и Преспанското Езеро се движат околу просекот. бак/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Театар во Град Скопје: Арсовска тераше инат со Славески и не се тргаше од говорницата

Алијанса за Албанците со предлози за ублажување на енергетската криза

Петровска: Ја повикувам Комисијата за одбрана одблиску да го следи спроведувањето на огласот за прием на професионални војници