Утрински Весник
Македонија

Планинарски камп за млади во селото Конско

Планинарски камп за млади во селото Конско

Гевгелија, 13 јуни 2019 (/) – Во планинарскиот дом во селото Конско, триесетина деца од Гевгелија, Кратово и Миравци веќе четири дена кампуваат под шатори и ги учат планинарските техники кои ќе им овозможат да навлезат во тајните на планинарството.

-Сите учесници во кампот се наоѓаат во одлична здравствена состојба, следат редовно предавања од областа на планинарството, учат да поставуваат шатори и се подготвуваат за планинарски акции, а слободното време го користат за прошетки по околните планински предели во близина историското село Конско, рече Кристијан Атанасовски од организаторите на кампот.

Кампот кој се реализира под водство на планинарскиот спортски клуб „Кожуф“ од Гевгелија и младинската комисија при Федерацијата на планинарски спортови на Македонија, почна на 10 и ќе трае до 14 јуни. им/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЗНМ: Функционерите мора да одговараат на прашањата на новинарите

„Поддршка за членство во ЕУ имаме, наша задача се реформите“

Средба Бочварски – Милков: Ги потврдивме ставовите за завршување на железничкиот Коридор 8