Утрински Весник
Спорт

Пике треба да плати 2 милиони евра поради затајување данок

Пике треба да плати 2 милиони евра поради затајување данок

Барселона, 10 јули 2019 (Утрински Весник) – Една од ѕвездите на Барселона, Џерард Пике ќе мора да се раздели со 2 милиони евра.

Дефазнивецот беше осуден во 2016 година да ја плати сумата за неплатени даноци за имиџ правата помеѓу 2008 и 2010 година, но ја обжали одлуката.

Неговата партнерка, колумбиската пејачка Шакира, исто така е на суд за долгови кон касата, но во нејзиниот случај сè уште нема пресуда.

Пике е уште еден играч на Барса кој има проблем со даночните власти во Шпанија, откако и ѕвездата Лионел Меси беше осуден пред одреден период за долгови кон властите.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Меси: Мбапе е ѕвер, со Нејмар имам посебен однос

Јовиќ се враќа во Црвена звезда

Фински новинари во опрема за нуркање се јавија од теренот во Подгорица