Утрински Весник
Спорт

Пет играчи го напуштија Челзи

Пет играчи го напуштија Челзи

Лондон, 1 јули 2019 (/) – Напаѓачот Гонзало Игуаин, голманите Роберт Грин и Едуардо Карваљо, како и дефанзивците Кајл Скот и Гери Кејхил го напуштија Челзи, објави официјалниот сајт на лондонскиот тим.

На сите им истекоа договорите со клубот.

Игуаин играше за Челзи во втората половина на сезоната 2018/19 на позајмица. Аргентинецот му припаѓа на Јувентус.

Грин ја заврши својата фудбалска кариера, додека Кејхил, Едуардо и Скот ќе бараат нови тимови. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Гут Бехрами победи во Килингтон

Тандемот од Јувентус го пропушта Камерун

Мбапе ја однесе Франција во осмина-финалето