Утрински Весник
Македонија

Петти Меѓународен фолклорен фестивал „Св. Троица“ во Долно Лисиче

Петти Меѓународен фолклорен фестивал „Св. Троица“ во Долно Лисиче

Скопје, 14 јуни 2019 (/) – Во Долно Лисиче од денеска се одржува Меѓународниот фолклорен фестивал „Св. Троица“, на кој публиката на трите фестивалски вечери ќе има можност да ги проследи настапите на над 500 учесници од играорни друштва од повеќе земји од регионот.

Петтиот фолклорен фестивал свечено ќе биде отворен вечер во 19 часот, а ќе се одржува до 16 јуни.

Покрај домаќините, ќе се претстават и играорци од Косово, Србија, Словачка, Полска, Бугарија и Црна Гора.

Организатор на фестивалот е културно-уметничкото друштво „Гоце Маркоски“ од Долно Лисиче, а Општина Аеродром и Град Скопје се покровители на манифестацијата.

Од Општина Аеродром соопштија дека денеска претседателката на Советот на Општина Аеродром, Ивана Цветковска остварила средба со дел од учесниците на фестивалот и им посакала пријатен престој во општината. см/мд/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кузеска: СДСМ отсекогаш била и е на страната на државните национални интереси, ВМРО-ДПМНЕ досега не поддржала ниту една стратешка одлука

Полициски службеник тешко повреден по пад од мотоцикл

Со фалсификувани дозволи за престој во Украина уапсени двајца турски државјани