Утрински Весник
Македонија

Петта сесија на Работната група 2 од НКЕУ-МК

Петта сесија на Работната група 2 од НКЕУ-МК

Штип, 27 јуни 2019 (/) – Петтата сесија на Работната група 2 (Социјална политика и вработување – Поглавје 19) од Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК) на тема „Хармонизација на професионалниот и приватниот живот: Подобри работни услови за поквалитетно живеење“ ќе се одржи денеска во Штип.

Координаторката на НКЕУ-МК и претседателка на ЕДРМ, Милева Ѓуровска соопштува дека на настанот ќе се дискутира за исклучително значајна тема, која ги поврзува условите за работа со квалитетот на живеење на вработените. Преку дискусијата ќе се настојува да се утврдат факторите од работната средина, но и други фактори од опкружувањето, кои влијаат на усогласување на работата со семејните обврски.

Преку видео обраќање, во дискусијата ќе учествува и словачкиот професор по социологија и социјална статистика од Универзитетот „Јон Амос Коменски“ од Братислава, Даниел Гербери, а на крајот на дебатата се очекува да бидат усвоени и препораки за Поглавјето 19. мс/бак/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска ги посети војниците кои се дел од силите на НАТО во Бугарија

Министерот за внатрешни е против законот за амнестија

Ковачевски во посета на Дојран