Утрински Весник
Спорт

Перу последен полуфиналист на Копа Америка

Перу последен полуфиналист на Копа Америка

Салвадор, 30 јуни 2019 (/) – Тимот на Перу го направи најголемото изненадување на Копа Америка, откако во четвртфиналето отстрани еден од фаворитите за освојување на трофејот – Уругвај.

Дуелот на „Арена Фонте Нова“ во Салвадор заврши со 0:0 во регуларното време, а Луис Суарез промаши за „урусите“ уште на почетокот при извршувањето на пеналите.

До крајот, ниту еден од изведувачите не погреши, па Перу продолжува вополуфиналето по 5: 4.

Уругвајците можат да жалат многу, бидејќи на три пати погодија стативи, а три гола беа поништени, од кои два по ВАР.

Перу ќе се соочи со шампионот Чиле во спор за место во финалето, а Бразил и Аргентина се среќаваат во другото полуфинале.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Гут Бехрами победи во Килингтон

Тандемот од Јувентус го пропушта Камерун

Мбапе ја однесе Франција во осмина-финалето