Утрински Весник
Спорт

Перишиќ доби понуда од Кина

Перишиќ доби понуда од Кина

Милано, 21 јуни 2019 (/) – Хрватскиот фудбалер Иван Перишиќ кој игра во италијанскиот Интер доби понуда од кинески клуб за договор од три сезони, вредна 36 милиони евра.

Како што пишуваат италијанските медиуми, кинескиот Шангај Шенхуа му понудил на италијанскиот Интер 25 милиони евра за Перишиќ, додека на Хрватот му понудиле тригодишен договор вреден 12 милиони евра по сезона.  

Истите извори наведуваат дека италијанскиот клуб не е задоволен од понудата и бараат најмалку 35 милиони евра, но и дека и самиот Иван не воодушевен од можноста да заигра во Кина и дека повеќе преферира да замине во Премиер лигата.

Перишиќ има договор со Интер до 2022 година, а за четири години одиграл 163 натпревари и постигнал 40 голови. ем/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Алкараз го „збриша“ Циципас и закажа супер-полуфинале против Ѓоковиќ

Партизан ја доби „мајсторката“ со Цедевита Олимпија, ќе има ли финале против Звезда?

Ал-Итихад го потврди милионскиот договор за Карим Бензема