Утрински Весник
Македонија

Пендаровски – Тејада: Интензивирање на политичкиот дијалог на високо ниво меѓу Северна Македонија и Швајцарија

Пендаровски – Тејада: Интензивирање на политичкиот дијалог на високо ниво меѓу Северна Македонија и Швајцарија

Скопје, 5 јули 2019 (Утрински Весник) – Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ја прими амбасадорката на Швајцарската конфедерација, Сибиле Сутер Тејада.

На средбата, како што соопшти кабинетот на Пендаровски, биле разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Швајцарската Конфедерација, при што било изразено задоволство од развојот на соработката на билатерален и на мултилатерален план.

Во таа насока, претседателот Пендаровски изразил подготвеност за интензивирање на политичкиот дијалог на високо ниво.

Претседателот Пендаровски се заблагодарил за севкупната помош и поддршка од Швајцарија за Северна Македонија, преку реализација на бројни проекти за подобро функционирање на институциите и за подигнување на квалитетот на живот на граѓаните и изрази очекување таа да продолжи и во иднина.

Амбасадорката Тејада упати честитки до претседателот Пендаровски по повод стапувањето на функцијата и му посака успех во работата. дма/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВРМО-ДПМНЕ: Не видовме план од Ковачевски, туку реакција на претходна понуда на Мицкоски

Министрите повеќе нема да можат да јадат лигњи и октопод, Ковачевски забрани морска храна

Пендаровски во посета на Прилеп во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“