Утрински Весник
Македонија

Пендаровски на Самитот на ПСЈИЕ во Сараево

Пендаровски: Потребен ни е политички дијалог и помирување дома, мора да имаме консензус за да имаме стабилност и развој

Скопје, 8 јули 2019 (Утрински Весник) – Претседателот Стево Пендаровски денеска и утре ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите – учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што ќе се одржи во Сараево, Босна и Херцеговина.

Предвидено е претседателот Пендаровски да се обрати на пленарната сесија на Самитот.

Во рамки Самитот шефот на државата ќе оствари и повеќе билатерални средби со учесниците на самитот.

Процесот за соработка во Југоисточна Европа (South East Europe Cooperation Process – SEECP) е прва автохтона регионална иницијатива воспоставена во 1996 година, со цел јакнење на политичката и безбедносната соработка, интензивирање на соработката на државите во областа на економијата, демократијата, судството, човековите права и борбата против нелегалните активности. Целта на оваа регионална иницијатива е преку јакнење на добрососедските односи и обезбедувањето на мирот во регионот, да овозможи побрзо приближување кон ЕУ и НАТО. мч/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска ги посети војниците кои се дел од силите на НАТО во Бугарија

Министерот за внатрешни е против законот за амнестија

Ковачевски во посета на Дојран