Утрински Весник
Македонија

Пендаровски и Ѓурчиновски во посета на јужната граница

Пендаровски и Ѓурчиновски во посета на јужната граница

Скопје, 4 јули 2019 (Утрински Весник)  – Претседателот на Република Северна Македонија и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски придружуван од началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, денеска ќе ги посетат припадниците на Армијата ангажирани на јужната граница.

Претседателот Пендаровски ќе го обиколи транзитниот центар за мигранти во Гевгелија, каде од одговорните субјекти ќе се запознае со моменталната состојба во овој центар и со ангажманот на меѓународната мисија „Фронтекс“.

Во сместувачкиот капацитет на припадниците на Армијата, во здружениот оперативен центар, на врховниот командант ќе му биде презентирана моменталната безбедносна состојба на јужната граница, тактичките мерки и процедури кои ги спроведуваат армиските единици согласно доделените задачи во спречување на нелегални минувања на јужната граница, а посетата ќе заврши со заеднички ручек со припадниците на Армијата. дма/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Груби – Агелер: Успесите на нашата земја се заеднички со Соединетите Американски Држави

Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика

Маричиќ: Со политичка волја и конкретни чекори од ЕУ, интеграција на регионот е реална