Утрински Весник
Македонија

Пендаровски го предлага Александар Спасов за член на Националниот совет за евроинтеграции

Пендаровски го предлага Александар Спасов за член на Националниот совет за евроинтеграции

Скопје, 19 јуни 2019 (/)Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, денеска упати известување до претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Северна Македонија, Илија Димовски дека доцент д-р Александар Спасов, од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е предложен како претставник на Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија за член во Националниот совет за евроинтеграции.

Како што наведуваат во соопштението, Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија бара разрешување на проф. д-р Иванка Додовска, која беше претставник во Националниот совет за евроинтеграции на претходниот Кабинет.скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пешевска: Да се зголеми додатокот за минимална помош преку МТСП

Ковачевски: Да се обединиме за европска иднина за стремежот за европска Македонија

СДСМ: Мицкоски конструктивноста да ја покаже во Собранието, подаваме рака за сите кои работат за граѓаните