Утрински Весник
Спорт

Пандев го продолжи договорот со Џенова

Пандев го продолжи договорот со Џенова

Џенова, 19 јуни 2019 (/) – Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев потпишал нов договор со Џенова, објави новинарот Џанлука Ди Марцио.

Триесет и петгодишниот Пандев ќе игра уште една сезона за калчолигашот по што ќе ја заврши кариерата.

Во сезоната што заврши, македонскиот фудбалер настапи на 28 натпревари за Џенова во сите натпреварувања, постигна четири погодоци и оствари три асистенции.

На Пандев следната сезона ќе му биде 18-та во Серија А. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Цитатите на Фергусон и Мурињо влегоа во речникот на Оксфорд

Тен Хаг му се заблагодари на Пеп за „лекцијата“

Куп: Струга ТЛ го елиминира Работнички, убедливи беа Шкендија, Вардар, Шкупи и Академија Пандев