Утрински Весник
Спорт

Официјално: Рафа Бенитез започна со работа во Кина

Бенитез: Мојот пресврт во Истанбул беше поголем од оној против Барселона

Лондон, 2 јули 2019 (Утрински Весник) – Шпанскиот тренер Рафаел Бенитез застана на чело на кинески Далијан Ифан. 59-годишниот стратег ги потврди информациите во неговиот Твитер профил.

„По долг пат … почнуваме нов предизвик! Среќен сум да го почнам овој нов проект со Далијан Ифан“, напиша Бенитез. Во својот нов клуб тој ќе заработува околу 13,4 милиони евра годишно.

За последен пат, стратегот работеше во Њукасл, на чело на кој застана во март 2016 година. Бенитез не успеа да го спаси тимот од испаѓање во Чемпионшип дивизијата, но уште во следната сезона успеа да го врати во Премиер лигата. Минатата сезона „црно-белите“ завршија 13-ти во англиското првенство.

Далијан по 15 круга е 10-ти во кинеската Супер лига.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Браќата Вилијамс го кренаа Билбао на третото место

Олимпик Марсеј на врвот на француската лига

Мусијала ги инспирираше Баерн за прекинување на лошата серија