Утрински Весник
Спорт

Официјално: Атлетико го објави мега-трансферот на Жоао Феликс

Официјално: Атлетико го објави мега-трансферот на Жоао Феликс

Мадрид, 3 јули 2019 (Утрински Весник) – Тимовите на Атлетико Мадрид и Бенфика официјално го објавија трансферот на 19-годишниот Жоао Феликс.

Износот на трансферот е 126 милиони евра, откако беше активирана откупната клаузула на тинејџерот.

Ова е рекорден трансфер за клуб од шпанската престолнина, како и за Бенфика. Така, Феликс стана најскапиот Португалец, надминувајќи го Кристијано Роналдо, кој замина за Јувентус за 117 милиони евра.

Ова е петти најскап договор во историјата на фудбалот по оние на Нејмар, Килијан Мабе, Филипе Кутињо и Усман Дембеле.

Клубот ги обезбеди средствата за да го привлече благодарение на очекуваниот трансфер на Антоан Грозман, кој ќе биде за сличен износ.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уште еден премиерлигаш добива американски газда

МЗТ Скопје преку ТФТ до петта титула од Суперкупот

Сестрата на Роналдо контра Португалците: Вие сте болни, бездушни, глупави и бескрајно неблагодарни