Утрински Весник
Спорт

Официјалната продавница на Реал веќе продава дресови на Азар со бр.7

Официјалната продавница на Реал веќе продава дресови на Азар со бр.7

Мадрид, 7 јуни 2019 (/) – Иако трансферот на Еден Азар во Реал Мадрид сè уште не е објавен, сосема е сигурно дека тоа ќе се случи. Во една од официјалните продавници во „лос бланкос“ (на аеродромот во Барселона) може да се купи дрес на Белгиецот, со број 7 на грбот.

По напуштањето на Кристијано Роналдо, „седмицата“ отиде кај Маријано Дијаз. Но се чини дека шпанскиот стрелец ќе мора даму го отстапи бројот на ѕвездата.

Во меѓувреме, сонародникот на Азар, Кевин де Бруин изјави дека сметал дека трансферот на Еден нема да се случи додека не заврши кампот на националните тимови.

– Ништо нема да се случи во следните четири или пет дена, рече Де Бруин категорично.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Поранешниот европски и светски првак умира од рак: Најтешко беше да им објаснам на децата

Алегри: Вечерва е најважниот меч за Јувентус во ЛШ

Челси на лето тргнува по Рафаел Леао