Утрински Весник
Технологија

Откриени две нови планети на коишто можеби има живот

Откриени две нови планети на коишто можеби има живот

Гетинген, 28 јуни 2019 (/) – Германски научници открија дека околу ѕвездата Тигарден кружат две планети кои можеби се и населени, а.се наоѓаат на 12,5 светлосни години од Земјата, што е релативно блиску.

Планетите Тигарден Б и Ц личат на внатрашните планети на нашиот Сончев Систем и се претпоставува дека имаат атмосфера погодна за развој на живи суштества, јави „Сан“.

– Тие имаат малку поголема маса од Земјата и се наоѓаат во таканеречената „населива зона“, каде што може да има вода, објаснува доктор Матијас Зекмајстер од Универзитетот на Гетинген, Германија. си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЕУ ги казни „Валв“ и пет други компании поради ограничување на продажбата на видеоигри

META

Истражување на Касперски: Пандемијата го одложува напредувањето на жените во ИТ секторот

META

Онлајн анкета: Голем дел од младите во Македонија многу малку или воопшто не се запознаени со криптовалутите

META