Утрински Весник
Македонија

Отворенa сметкa за донации за доизградба на црквата „Св.Кирил и Методиј“ во Делчево

Отворенa сметкa за донации за доизградба на црквата „Св.Кирил и Методиј“ во Делчево

Делчево, 12 јули 2019 (Утрински Весник) – Општина Делчево отвори сметкa на која ќе можат да се уплаќаат донации за доизградба на соборниот храм „Св.Кирил и Методиј“ во Делчево. Изградбата на храмот, како што информираа од општината, е во завршна фаза.

– Досега е изградена фасадата и кровната конструкција на новата црква која две децении стои недоградена, со што очекуваме овој грандиозен верски објект да го добие својот конечен лик и да изникне во еден од најубавите верски храмови во регионот, а центарот на Делчево, каде што се наоѓа црквата, да добие една заокружена целина и атрактивен простор за гостите и за самите жители. Од денес е отворена и сметка за донации на која граѓаните ќе можат да донираат за целосна дозиградба на храмот, информираа од општината

Бројот на сметката на која може да се донира, како што додаваат, веќе е објавена на општинската веб страница.

Дозградбата на соборниот храм „Св.Кирил и Методиј“, се реализира со поддршка од донаторот Милен Врабевски и Фондацијата „Бугарско сеќавање“, како и со помош на приватни субјекти. вс/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Герасимовски: Денешната дојава за бомба во ,,Кочо Рацин” е лажна, граѓаните да бидат спокојни

Петровска во Грац – форматот: градењето отпорност е најдобрата одбрана против растечките безбедносни предизвици

18-годишник ја нападнал мајка му пред трговски центар во Аеродром