Утрински Весник
Македонија

Отворен центарот за аутизам „Летај за живот“ во Тетово

Отворен центарот за аутизам „Летај за живот“ во Тетово

Тетово,  25 јуни 2019 (/) – Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи денеска присуствуваше на свеченоста по повод отпочнувањето со работа на центарот за аутизам „Летај за живот“ на невладината организација „Пурпура“.

На свеченоста присуствуваше и Лири Бериша, педијатар од Албанија,  која има децениско искуство во работата со аутизмот и е претседателка на Фондацијата за деца во Албанија.

-Центарот за аутизам е помогнат од општината во рамки на годишната програма за поддршка на невладини организации. Доколку профункционира со добар капацитет нормално би сакале ваквите програми да ги поддржиме со буџетски линии на општината. Ќе видиме во септември кога се прави буџетот, изјави градоначалничката Арифи.

Сите терапевти кои ќе работат во тетовскиот центар се обучувале и во Тирана. Од центарот во Тирана се обезбедени и дел од наставните средства.

– Задоволна сум можевме да помогнеме со обука, среќни сме што нашето 10-годишно искуство може да помогнеме тука, рече Лири Бериша, инаку сопруга на поранешниот претседател на Албанија, Сали Бериша.

За почеток ќе може да бидат вкклучени од 10 до 12 деца со кои ќе работат четворица терапевти, а двајца се во процес на специјализација. ас/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ковачевски: Очекувам намалување на цените на основните производи за 10 отсто

Средба на ОБСЕ Тројката Османи -​ Рау – Билстром, во пресрет на Министерскиот состанок во Лоѓ

Атиџе и Штајнмаер си разменија тегли со мед: „Ако ги сакате пчелите, тие ќе ви возвратат“