Утрински Весник
Спорт

Отворено Балканското првенство во пинг-понг за млади играчи

Отворено Балканското првенство во пинг-понг за млади играчи

Скопје, 12 јуни 2019 (/) – Во СЦ „Форца“ во Скопје денес свечено беше отворено Балканското првенство во пинг-понг за јуниори и кадети. Првенството за отворено го прогласи градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Дванаесет држави со над 120 натпреварувачи во сите категории во наредните пет дена ќе се борат за епитетот балкански првак во екипна и поединечна конкуренција, на најмасовното Балканско првенство одржано досега.

Денес и утре на програмата се натпреварите во екипна конкуренција. Натпреварите во поединечна конкуренција започнуваат в петок.

Првенството завршува в недела, 16 јуни, со церемонијата на свеченото доделување на одличјата на најдобрите во поединечна конкуренција. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ливаковиќ одбрани три пенали – Хрватска преку Јапонија до четврт-финалето

Пеле: Ќе гледам Бразил-Јужна Кореја од болничката соба

Бразил го почнува походот кон трофејот, прва пречка е Јужна Кореја