Утрински Весник
Македонија

Отворена канцеларија за непосредна комуникација со граѓаните на пратеничката Лидија Тасевска

Отворена канцеларија за непосредна комуникација со граѓаните на пратеничката Лидија Тасевска

Куманово, 11 јуни 2019 (/) – Кумановци преку непосредна средба можат да достават предлози, сугестии до пратениците од СДСМ во канцеларијата за комуникација, сместена во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, информираше денеска пратеничката од СДСМ, Лидија Тасевска. Средбите ќе можат да се закажат преку асистентот од вторник до сабота од 10 до 15 часот.

– За еден пратеник е многу важно да имаме непосреден и постојан контакт со граѓаните за сите нивни секојдневни проблеми, прашања и оние работи што сакаат директно да го постават до нас како дел од законодавната власт, изјави Тасевска.

Канцеларијата почна да функционира од неодамна, а дел од граѓаните веќе побарале средба и најчесто според Тасевска се интересирале за имплементација на веќе донесените законски решенија.

– Последната средба ми беше со граѓани кои имаат лиценца за негувателки и кои сакаат да дознаат дали со новиот закон за социјална и детска заштита ќе треба  да го менуваат својот вид на средно образование за да можат да го остварат правото на работен однос, изјави Тасевска.

Преку непосредна комуникација со избраните претставници, граѓаните имаат можност да разменат  информации, да дадат предлози и сугестии, да понудат свои видувања за одредени предлог закони, со што ќе се зголеми нивното учество во работата на Собранието. ам/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Маричиќ-Лирман: Фокус на реформите и заедничка посветеност на патот кон ЕУ

Герасимовски: Изборот на Валентина Ангелковска за најдобар одделенски наставник во земјата е уште едно признание за квалитетот на образованието во Центар

(Видео) Милошоски: Бесмислено е власта да бара поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за закони кои што не постојат и не се доставени во Собранието