Утрински Весник
Македонија

Осум граѓански организации од Западен Балкан ќе работат на унапредување на доброто владеење и владеењето на правото

Осум граѓански организации од Западен Балкан ќе работат на унапредување на доброто владеење и владеењето на правото

Скопје, 10 јули 2019 (Утрински Весник) – Осум граѓански организации од пет земји – Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија добија грантови за спроведување на петмесечни проекти фокусирани на решавање на ургентните локални и национални проблеми во претстојниот период со цел да се унапреди доброто владеење и владеењето на правото.

Грантовите, како што информираат од „Action see“, се наменети за локалните граѓански организации, а се доделени во рамки на проектот „Action see“ – Одговорност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа преку Центарот за демократска транзиција, Фондација за интернет и општество Метаморфозис, Вестминстер Фондацијата за демократија, Центар за истражување, транспарентност и отчетност – „CRTA“ од Србија, Граѓанско здружение „Зошто да не?“, Отворени Податоци Косово и Движење ДОСТА!, со финансиска поддршка од Европската Унија.

Добитниците на грантови од третиот и последeн циклус на компонентата за грантови се Либерален форум, Босна и Херцеговина – „Кон ефикасни и транспарентни државни претпријатија“ (“Towards efficient and transparent SOEs”), Здружение за зголемување на капацитети “Медиа пулс”, Косово – „Заедно за подобра транспарентност“, Здружение Центар за патување и технологија, Црна Гора – „Ефикасни односи со јавност – поинформирани граѓани“, Здружение на млади и маргинализирани групи: Центар за интеграција и развој, Северна Македонија – „Важноста на употребата на јазиците на заедниците за добро владеење на локално ниво во општините Куманово, Чаир и Липково“, Северна Македонија – „Граѓанинот е вистинскиот инспектор“ – Коалиција на граѓански здруженија „Сите за правично судење“, Северна Македонија – „Судско досие” – Еко натура, Северна Македонија – „Добро владеење за добра животна средина“ и Регулаторен институт за обновливи извори на енергија и заштита на животната средина, Србија – „Твое право – Зголемување на транспарентноста, одговорноста и учеството на јавноста во значајните инфраструктурни и еколошки проекти и планови“, се наведува во соопштението од „Action see“. мс/ац/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

124 казни за брзо возење на територија на СВР Битола

Маја Морачанин повторно избрана за претседател на ДОМ

Утре наутро блокада на крстосницата кај „Мавровка“