Утрински Весник
Спорт

Османи пред реваншот со Номе Калју: Резултатот од Талин не е никаква гаранција

Османи пред реваншот со Номе Калју: Резултатот од Талин не е никаква гаранција

Скопје, 15 јули 2019 (Утрински Весник) – Екипата на Шкендија утре во Скопје го игра реванш дуелот од првото квалификациско коло за ЛШ против Номе Калју, откако првиот меч во Талин го доби со минимални 1:0.

На пресот пред утрешниот дуел, тренерот на тетовци, Ќатип Османи ијзави дека резултатот од првиот натпревар не гарантира пласман во следното коло и дека натпреварот треба сериозно да се сфати.

– Не очекува реванш со Номе Калју, а неделава ги анализиравме грешките што ги направивме во првиот меч. Се надеваме дека ќе се најдеме во следната рунда, но резултатот од Талин не е никаква гаранција. Резултатот од првиот меч ни дозволува да тактизираме, но не мора да биде пресуден, вели Османи.

Натпреварот меѓу Шкендија и Номе Калју се игра утре на арената „Тодор Проевски“ во Скопје, со почеток од 17 часот. При евентуален триумф, македонскиот тим во 2. коло го очекува шкотски Селтик, кој по првиот меч има предност од 3:1 против Сараево. вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Американски бизнисмен го купува Евертон

Реал Мадрид има проектиран план: За две години Ерлинг Халанд доаѓа на „Бернабеу“

КК Пелистер го загуби финалето во Бугарија