Утрински Весник
Бизнис

Османи и Хоџај ќе извршат увид во градежните активности за граничниот премин Белановце – Станчиќ

Османи и Хоџај ќе извршат увид во градежните активности за граничниот премин Белановце – Станчиќ

Скопје, 10 јуни 2019 (/) – Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи денеска, заедно со вицепремиерот на Република Косово, Енвер Хоџај, ќе го посети местото каде се вршат градежните активности на проектот Белановце – Станчиќ.

Османи и Хоџај ќе извршат увид и одблиску ќе се запознаат со напредокот на проектот.

Камен-темелникот со кој почна изградбата на граничниот премин беше поставен на 11 јуни 2018 година. На церемеонијата тогаш, покрај двајцата вицепремиери, присуствуваа и амбасадорите на ЕУ во земјава и во Косово, Самуел Жбогар и Наталија Апостолова.

Белановце – Станчиќ се гради со финансии од ИПА програмата на ЕУ, а се очекува да ја олесни соработката меѓу двете држави, да придонесе за посигурни граници и за социјалниот и економскиот развој на граничната област, вклучувајќи ја и зголемената интеракција меѓу луѓето. мч/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Владата ја обврза ЕСМ да обезбеди парно греење во Скопје

„Адора инженеринг“: Добивме цврсти гаранции дека ЕСМ ќе ги купи топланите Исток и Запад и ќе го плати долгот

Од 15-ти октомври скопјани ќе имаат парно – АД ЕСМ и АДОРА постигнаа договор