Утрински Весник
Македонија

Општина Штип работи на инфраструктурниот проект за секунадарната гасификациска мрежа

Општина Штип работи на инфраструктурниот проект за секунадарната гасификациска мрежа

Штип, 12 јуни 2019 (/) – Основниот проект за изградба на секундарна гасификациска мрежа низ индустриските зони и градот Штип ќе биде готов летово, најави денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

Тој забележа дека идејниот проект е готов, а сега фирмата која ја има добиено тендерската постапка го изработува и финалниот проект за гасификационата мрежа, која треба да биде 20 километри.

-Се работи на инфраструктурниот проект. Ние, како општина Штип верувам дека ќе бидеме подготвени во текот на летото со готова проектна документација за изградба на гасификациона мрежа. Тоа го потврди и советникот на претседателот на Владата, Зоран Заев, токму за оваа проблематика за гасификација на државата дека Општина Штип предничи и е прва во овој дел и за гасификација на својот град, вели Бочварски.

Тој истакна дека по изготовката на документацијата ќе одлучат кој модел да го применат при изградбата на секундарната мрежа, односно дали ќе ја градат преку јавно-приватно партнерство или пак општината само ќе го реализира овој проект. Но, се зависи од проектот, што треба да покаже колку ќе чини изградбата на оваа мрежа.

-Имаме неколку заинтересирани инвеститори, кои бараат средба и сакаат да ги видат условите и можностите, за тоа како и колкава е таа мрежа, што треба да се реализира во градот, со што би влегле во јавно-приватно партнерство со општина Штип, со цел тие да го инвестираат гасоводот и да донесат подобри услови за комапниите, вели Бочварски.

Штипскиот градоначалник истакна дека со стартот на изградбата на секундарната гасификациска мрежа очекува и да потече гасот низ гасоводот Штип-Неготино. вдј/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Груби – Агелер: Успесите на нашата земја се заеднички со Соединетите Американски Држави

Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика

Маричиќ: Со политичка волја и конкретни чекори од ЕУ, интеграција на регионот е реална