Утрински Весник
Македонија

Општина Центар летово ќе обновува и гради десетина улици и тротоари

Општина Центар летово ќе обновува и гради десетина улици и тротоари

Скопје, 27 јуни 2019 (/) – Општина Центар денеска најави дека летово ќе спроведе капитални инфраструктурни проекти за реконструкција, рехабилитација и изградба на десетина улици и тротоари каде, во зависност од потребите, ќе биде направена обнова на атмосферска, фекална и водоводна улична мрежа.

Ќе бидат опфатени улици во населбите Водно, Буњаковец, Дебар Маало, Маџир Маало и Капиштец, а реконструкцијата ќе се одвива во текот на јули и август,  најави градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ.

Во населбата Водно ќе се реконструираат, „Ганчо Хаџипанзов“ на која ќе се направи комплетна обнова на атмосферска, фекална и водоводна улична мрежа, како и комплетна реконструкција на тротоари и улицата во должина од 2.286 метри квадратни. Реконструкција на атмосферска, фекална и водоводна улична мрежа, тротоари и улица во должина од 696 метри квадратни ќе биде направена и на улицата „Караорман“, а рехабилитирани ќе бидат и тротоарите и улицата „Рилски Конгрес“ во должина 2.613 метри квадратни.

Во населбата Буњаковец, Општина Центар прави рехабилитација на тротоарите и улицата „Мирче Оровчанец“во должина 1.688.5 метри квадртаниа во населбата Маџир маало комплетна реконструкција на улицатата „Петричка“ во должина од 1.002 метри квадратни.

Со реконструкцијата ќе бидат опфатени и улиците „Донбас“ во должина од 480 метри квадратни, „Андон Дуков“ во должина од 330 метри квадратни и „Алберт Ајнштајн“ во должина од 605 метри квадратни во населбата Дебар Маало.

Во населбата Капиштец, пак, општината најавува изградба на три нови краци на улицата „Новопроектирана 2“. Со ова решение улицата „Козара“ ќе се пробие на улицата „Васил Ѓоргов“ поточно кај ТЦ „Зебра“, со што општината очекува дека значително ќе се намали сообраќајното оптоварување во населбата. Покрај изградбата на трите краци, и оваа улица ќе добие нова водоводна, фекална и атмосферска канализација. Вредноста на овој капитален проект е 28.000.000 денари, сума која вклучува и експропријација – решавање на имотно правните прашања и изградба на трите крака со вкупна квадратура од 2.336,48 метри квадратни.

Во централното градско подрачје (Градски ѕид), Центар го реконструира и паркингот на Палома Бјанка по што истиот ќе биде наменет за паркирање на возилата на жителите, а не како сега само за институциите.

Во текот на летото ќе започне и целосна обнова на уште едно детско игралиште, во Градски Ѕид зад Агромеханика, со кое општината ја зголемува бројката на ново изградени и обновени детски игралишта на територијата на Општина Центар.лв/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Груби – Агелер: Успесите на нашата земја се заеднички со Соединетите Американски Држави

Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика

Маричиќ: Со политичка волја и конкретни чекори од ЕУ, интеграција на регионот е реална