Утрински Весник
Македонија

Општина Струмица ја асфалтираше главната улица во село Добрејци

Општина Струмица ја асфалтираше главната улица во село Добрејци

Струмица, 7 јуни 2019 (/) – Почна поставувањето на нов асфалтен слој на главната улица во населеното место Добрејци со вкупна површина од 10.200 метри квадратни.

Според градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, покрај асфалтирањето на главната улица во ова село ќе се реновира и училиштето.

– Вчера е одобрена позначајна сума за реновирање на училиштето, кое исто така беше проблем за жителите на Добрејци. Средствата за овие зафати се обезбедени од општинскиот буџет и мене ме радува што ги реализираме проектите кои ги испланиравме заедно со граѓаните, рече градоначалникот Јаневски.

Најави дека во наредните денови ќе почне реализација и на други поголеми проекти, а утре се очекува да бидат потпишани три договори со Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој за изградба на канализациски систем во селото Вељуса, шеталиште и улица во селото Градско Балдовци и отворање на патеките до третиот водопад во селото Габрово. рт/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Театар во Град Скопје: Арсовска тераше инат со Славески и не се тргаше од говорницата

Петровска: Ја повикувам Комисијата за одбрана одблиску да го следи спроведувањето на огласот за прием на професионални војници

Со парите од вилата во Њујорк да се купат дипломатски станови, бара синдикатот