Утрински Весник
Македонија

Општина Струмица апелира корисниците да го регулираат користењето јавни површини

Општина Струмица апелира корисниците да го регулираат користењето јавни површини

Струмица, 2 јули 2019 (Утрински Весник) – Корисниците на јавни површини на територијата на Општина Струмица согласно Законот за јавна чистота и програмата за поставување урбана опрема на територијата на Општината се должни да набават одобрение за користење на тие јавни површини, рече денеска на прес-конференција Љупчo Ташевски, овластен комунален инспектор.

Барање за добивање одобрение корисниците можат да поднесат до Секторот за урбанизам при Општината, а инспекцијата апелира тоа да го направат во најкус можен рок.

-Во изминатиот период инспекцијата вршеше превентивни надзори на сите правни и физички лица во моментот кога користат јавни површини и им е дадено усна опомена да си набават одобренија и да се придржуваат кон параметрите кои се зададени во тие одобренија. За тие кои во наредниот период ќе биде констатирано дека не ги почитуваат законските обврски ќе следуваат прекршочни мерки согласно Законот за јавна чистота, дополни овластениот комунален инспектор Ташевски.

Информираше дека на сите корисници на јавни површини во центарот на градот им се дадени усни укажувања, како и на корисниците во поширокиот реон на градот.

Досега се опоменати над сто корисници на јавни површини и поголемиот дел од нив поднеле барање за регулирање на статусот на јавната површина, а другите кои не го направиле тоа во најкус можен рок да поднесат барање.

Инаку, против корисници, кои на јавна површина подигнале објекти од затворен тип и од тврда градба, постапки води градежната инспекција. рт/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска ги посети војниците кои се дел од силите на НАТО во Бугарија

Министерот за внатрешни е против законот за амнестија

Ковачевски во посета на Дојран