Утрински Весник
Македонија

Општина Радовиш додели сертификати за образовни асистенти и за негуватели на стари лица

Општина Радовиш додели сертификати за образовни асистенти и за негуватели на стари лица

Радовиш, 12 јули 2019 (Утрински Весник) – Дваесет и шест лица од општина Радовиш добија сертификати за учество во проектот „Општокорисна работа“, финансиран од УНДП со 1.575.000 денари и кофинансиран од општина Радовиш со 500 илјади денари.

Доделени се 16 сертификати за образовни асистенти, три сертификати за лични асистенти во наставен процес, четири сертификати за негуватели на стари и немоќни лица и еден сертификат за негувател на деца со пречки во развојот, како и две потврди за успешно завршено учество во проектот.

Сите учесници беа работно ангажирани во период од шест до девет месеци во зависност од програмата и добиваа плата од девет илјади денари со вклучен персонален данок и осигурување во случај на повреда.

Проектот Општинскокорисна работа се спроведува шеста година по ред и досега преку него се едуцирале повеќе од 90 лица. рт/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Маричиќ: Судската реформа клучна за пристапување во ЕУ, имаме уште за работа

Ковачевски разговараше со потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање во Министерството за финансии на САД

Мицкоски: За само 3 дена од 5-ти до 7-ми декември ЕСМ ќе увезе струја за околу 4.200.000 евра